Двајца навивачи на фудбалскиот клуб Брајтон се повредени и ограбени синоќа во Рим, соопшти полицијата.
Двајца мажи, на возраст од 28 и 29 години, се хоспитализирани поради „полесни рани од нож“ на бутовите, изјави портпаролот на локалната полиција за АФП.
Полицијата интервенирала кога навивачите на Брајтон биле нападнати од „шест-седум маскирани лица“. Напаѓачите украле торба со лични документи и паричници на навивачите на Англија.
Покрената е истрага за откривање на одговорните за нападот.
Фудбалерите на Брајтон вечерва гостуваат на Рома во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа.