Нимиц: Мојата поддршка на конгресмен од грчко потекло нема врска со посредувањето за името

Од:

Како државјанин на САД, јас поддржувам одредени американски кандидати поради нивните ставови за некои внатрешни прашања, и тоа нема никакво влијание на посредувањето во спорот меѓу Атина и Скопје, вели медијаторот Метју Нимиц во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Нимиц во интервјуто беше прашан за обвинувањата на Мекедонците од Австралија кои неодамна објавија во австралиските весници на македонски јазик дека тој наводно финасирал американски конгресмен од грчко потекло на изминатите избори во САД, што преставува своевиден конфликт на интереси, бидејќи ја има улогата на посредник во спорот меѓу Грција и Македонија,

Нимиц вели дека поддршката што ја дал на одредени кандидати на американските избори нема какво било влијание врз исполнувањето на неговата функција во Обединетите нации, што, тврди, ја врши на непристрасен начин.

– Но, моја обврска како американски државјанин е да учествувам во нашиот изборен процес. Верувам дека се разбравме. На пример, пружам финансиска поддршка на мојата локална конгресменка уште од 1992 година, бидејќи според мое мислење врши многу добра работа во мојот округ, истакнува посредникот во грчко македонскиот-спор за „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Запрашан дали е можна неогова оставка доколу се потврди дека финансирањето конгресмен од грчко потекло на изборите во САД е конфликт на интереси, и што мисли за предлогот за нов медијатор во спорот за името од ЕУ кој би работел заедно со него, Метју Нимиц дециден: „Сега,не сакам да коментирам повеќе, особено во време на Генералното собрание на Обидинетите нации“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски