Инспектор нападнал полицаец кој спроведувал затвореник на скопските клиники

Од:

Скопската полиција поднесе кривична пријава против С.С., полициски службеник во Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против С.С. поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР и времено суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност. На 28.10.2023 во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, С.С. физички нападнал и попречувал полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при извршување службени дејствија, спровод на осуденик од Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ до комплексот клиники#, тврди МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини