Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) денеска ќе присуствува на литургија во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Калишта.
Со литургијата ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со епископот велички г. Јосиф и епископот лешочки г. Јосиф.