МВР го бара шефот на „Дуќанџик“, Шеваљ Муареми со меѓународна потерница

Од:

Министерството за внатрешни работи на својата веб страница објави меѓународна потерница по Шеваљ Муареми.

„Муареми Шеваљ, татко Азби мајка Азбије, род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 село Грчец, општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 година. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.“, се наведува во потерницата на МВР.

Во јануари, годинава, беа поднесени кривични пријави против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Муареми (46) од село Грчец.

Муареми заедно со семјството е во Дубаи каде заминал по убиството на неговиот другар и исто така водач на групата Јетон Кривањева-Жила во Шиша бар во скопската стара чаршија.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“