Британското кралско семејство веќе извесен период е цел на јавното внимание, но и теории на заговор, особено откако кралот Чарлс и принцезата Кетрин се соочија со сериозни здравствени проблеми.
По абдоминалната операција на принцезата, таа и принцот од Велс привремено се повлекоа од кралските должности, за да има време да закрепне. Кратко потоа кралот Чарлс трети доби дијагноза карцином, поради што мораше да се повлече од своите должности.
На негово место застана кралицата Камила, но се чини дека не може да го поднесе темпото на исполнување на своите должности без кралот покрај неа.
Сепак, Бакингемската палата се уште не споделува официјални информации за состојбата на принцезата од Велс, но и за кралот кој го започнал лекувањето, што остава простор за шпекулации и најразлични претпоставки во јавноста.