Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

Од:

Властите од Исланд извршија евакуација на туристите кои биле во Сината Лагуна, една од најголемите туристички атракции на островската држава.

Неодамна била забележана сеизмичка активност во близина на лагуната, а денеска почнала да истекува лава во реонот околу познатата бања. Со оглед на тоа дека активноста е на длабочина од помалку четири километри, а тоа значи дека до ерупцијата има само неколку часа.

Евакуиран е и град во близина на туристичката атракција. Засега целиот процес се одвива без паника, со високо ниво на дисциплина и контрола, како и соработка меѓу туристите, жителите и полицијата.

Се очекува Сината Лагуна да биде затворена најмалку една недела пред да се направи повторна проценка.

Поради положбата помешу евроазиската и северноамериканската тектонска плоча, на Исланд често се случуваат земјотреси и вулкански активности. Тоа е последица што двете тектонски плочи се движат спротивно една на друга.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле