Шпанецот Фернандо Алонсо победи во десеттата трка годинава од првенството во Формула 1, возена на Германската патека Хокенхајм. Второто место му припадна на домашниот возач Себастијан Фетел од Ред Бул, а трет беше возачот на Мекларен, Џенсон Батон.
Ова е трет триумф за Алонсо, после победите во Малезија и Валенсија, со што го задржа водечкото место во генералниот пласман.