Иранската агенција Тасним објави дека воен советник кој бил член на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) бил убиен во израелските воздушни напади врз градот Бањас во Сирија.
Полковникот Реза Зарее е убиен во израелски воздушен напад врз западниот сириски пристанишен град Бањас.
Повикувајќи се на очевидци, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека три големи експлозии се случиле едноподруго во Бањас. Според Радио Слободна Европа на англиски јазик, се вели дека бил член на морнарицата на ИРГЦ.
Најмалку 11 членови на ИРГЦ, вклучително и авганистански борец од бригадата Фатемијун, се убиени во израелските напади во Сирија и Либан од почетокот на војната во Газа во октомври.