Пендаровски за платите на функционерите: Мојот коефициент беше 4,5 просечни плати, сега е 3,92, ова не е трајно решение

Од:

Претседателот Стево Пендаровски не смета дека законите за намалување на платите на функционерите се трајно решение, но поради предизборниот период овој проблем треба да виде една од првите задачи на новиот владин состав.

– Не знам дали се трајни решениеја, но да се вратиме пет месеци наназад кога во интервју побарав да го направат ова сите партиии во парламентот и бев сатанизиран и масакриран со критики од сите страни.

Сега ме чуди, да ги прашам истите зошто тогаш не го прифатија мојот предлог и зошто тогаш не ги намалија коефициентите со што го навлековме реалниот гнев на граѓаните. После одлуката на Уставниот суд која беше коректна, секој следен штрајк беше барање на покачување на платите од 78%. Доцна им текна, меѓутоа добро е што воопшто им текна.

Мојот коефициент беше четири и пол просечни плати, сега е 3,92%. Но, јазот помеѓу платите на обичниот граѓанин и функционерите останува.
Ова не е трајно решение затоа што државата ни е сиромашна. Поддржувам, но бидејќи сме во техничка влада, треба ова да биде една од првите задачи на следниот владин состав.

Има начини да се реши, но треба политичка волја – рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ