Се враќаат повисоките коефициенти за платите на функционерите што ги избира и именува Собранието

Од:

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно ја донесе одлуката за изменување на одлуката за определување коефициенти за утврдување плата на претседателот, на пратениците и на функционерите што ги избира и именува Собранието.

– Комисијата за избори и именувања постапи по одлуката на Уставниот суд онака како што беше донесена – рече претседателот Ѓорѓија Сајкоски.

Со предлог-одлуката се предлагаат измени во членот 1 од одлуката за определување коефициенти за утврдување плата.

– Во точка 5: „Претседател на Уставниот суд на Република Македонија“, коефициентот 2,81 се заменува со коефициент 3,08. Во точка 16: „Судија на Уставен суд на Република Македонија“, коефициентот 2,60 се заменува со коефициент 2,85 – појасни Сајкоски.

Коефициентите од членот 1 на оваа одлука ќе почнат да се применуваат со исплата на платата од октомври 2026 година.

– Комисијата за избори и именувања како надлежна комисија мора да постапи по одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, која беше донесена фактички со суспендирање дел од Законот за платите и надоместоци на избраните и именуваните функционери – подвлече Сајкоски.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Да се намалат платите на функционерите за 200 евра, а кај некои од позициите и повеќе

Трендафилов: Промената на основицата за функционерските плати од просечна на минимална е уставно

ССМ бара платите на пратениците да се врзуваат за минималната плата и да се намалат за 40%

Дурмиши: Нема да донесеме одлука со која ќе се зголемат платите на функционерите

Без проблем пројде Предлог-одлуката за утврдување на платите на функционерите

Нема да растат платите на функционерите ветува премиерот

Катерина Ѓуровски