Стоилковски: Дали Филев, директор на СДС од Радовиш е трговец со дрога во полициски билтен

Од:

Врските на СДС со наркомафијата се многу подлабоки отколку што се обидува СДС да избега од одговори. Веројатно ќе бега и од одговор дали активистот на СДС од Радовиш, директор на меѓуопштински центар за социјални работи, пред 10 дена во Штип не е фатен и приведен од полиција за недозволена трговија со дрога и оружје вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Според полициски билтен на 17 февруари полицијата во Штип го привела 36-годишниот А.Ф., заради дрога и најавува соодветен поднесок. Дали зад иницијалите А.Ф. е Александар Филев директорот од СДС на меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш? Дали е тоа Александар Филев од СДС Радовиш, учесник и поддржувач на партиските активности на СДС? СДС ја претвори Македонија во мафијашка територија. СДС со Оливер Спасовски предолго ја ставаа полицијата во служба на мафијата, а Македонија ја претворија во поле за неказнети мафијашки пресметки, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер