Собранието в среда ќе гласа за член на ДИК и за Законот за игри на среќа

Од:

Собранието в среда во рамки на 145. седница се очекува да избере нов член на Државната изборна комисија (ДИК). Според информации на МИА, предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на највисокото изборно тело во земјата би можел да добие поддршка од повеќе од 80 пратеници, иако за да се изгласа е потребно двотретинско мнозинство.

Партиски избори за МИА велат дека се очекува за Демири да не гласаат пратениците од ДУИ и од крилото на Зијадин Села од Алијанса на Аланците, додека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалиции и албанската опозиција ќе го поддржат.

По неколкумесечни препирки за тоа која партија на Албанците да има свој член на ДИК, Демири остана единствен кандидат откако Зулфи Адили од АА се повлече бидејќи беше именуван за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Абдуш Демири доаѓа од Беса и е предлог поддржан од партиите од албанската опозиција. Доколку биде изгласан, на помалку од три месеци ќе биде комплеиран составот на ДИК. Комисијата е повеќе од една година без еден член бидејќи Кренар Лога стана министер за правда.

На дневен ред на 145. седница што е закажана за среда 28 февруари во 11 часот, е исто така Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри – Трето читање. Законот е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас.

Засега, меѓу другите, на дневен ред на оваа седница е и Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

Би можело да ве интересира

Меџити: До Нова година ќе се донесе нов Закон за игри на среќа, кој ќе биде поригорозен

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

„Влен“ најави покренување на правосилни постапки за злоупотреби на службена положба за незаконски одлуки поврзани со игрите на среќа

Пратениците од Европски фронт ја напуштија седницата на Собранието поради Законот за игри на среќа

Финансии бара одземање на лиценците на две фирми што приредуваат игри на среќа