Црногорски амбасадор во посета на Куманово

Од:

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора, Душан Мрдовиќ. Дамјановски ја искористи можноста и во знак на благодарност на амбасадорот му подари статуа од Батко Ѓорѓија, како симбол за Куманово.

– Мрдовиќ е човек кој изминатите неколку години со својата добра волја покажа дека Црна Гора е пријател на Македонија, но пред се на Куманово. Сакам да искажам дека денес имавме плодни разговори во насока на соработка помеѓу двете држави. Отворивме повеќе теми , меѓу кои и за збратимување и соработка помеѓу Куманово и Никшиќ. Зборувавме и за економската соработка, бидејќи доколку едни со други не ги следиме трендовите и не си помагаме, нема да имаме позитивен развој – изјави Дамјановски.

Тој додаде дека се надева овие средби на ниво на градови и региони, пред се помеѓу двете држави, да дадат плод во идната интеграција.

kum (1)

– Многу ми е мило што ја дефиниравме поранешената соработка и контактот кој што постоеше во поранашна Југославија. Целото време додека ја извршував дипломатската мисија во вашата држава живеев за да ги обновиме врските и пријателството. Мислам дека е можна соработка помеѓу некои општини од Црна Гора, на локално-економско ниво – истакна амбасадорот Мрдовиќ.

Тој најави дека градоначалникот на Никшиќ, по повод Денот на ослободување на Куманово, 11-ти ноември ветил дека ќе присуствува на прославата и дека тогаш ќе се потпише меморандумот за соработка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени се пиротехнички средства

А1он