СДСМ оддаде почит на ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски Питу: Аманетот на НОБ ќе го исполниме

Од:

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски, заедно со потпретседателот Стефан Богоев и секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ денеска оддадоа почит на ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски Питу и положи цвеќе на споменикот во општина Карпош по повод 80 годишнината од неговото загинување.

Во обраќањето на настанот во организација на Сојузот на борците од НОБ Карпош претседателот Ковачевски рече дека денеска сите ние оддавам должна почит и се поклонуваме пред неговата храброст лик и дело, но оддаваме и почит на сите борци, ученици во НОБ.

-Искажуваме благодарност, оддаваме почит и се поклонуваме пред пожртвуваноста на сите борци, мажи, жени, млади учесници во НОБ кои храбро се жртвувале за слободата и светла иднина на македонскиот народ и сите наши граѓани. Нивното дело сите ние го почитуваме а нивниот аманет го негуваме. Народноослободителната и антифашистичката војна го постави темелот на македонската државност. Токму подари нив и успехот на НОБ постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Македонија.

Исполнувањето на тој аманет, на нашите државотворци од Илинден, АСНОМ, од НОБ, е нашата денешна политичка борба. Борба за подобра, европска иднина на нашата убава татковина рамо до рамо со сите државотворни народи. СДСМ е партија којашто е единствен наследник и поддржувач на вредностите од НОБ во државата. Како државотворна партија секогаш била на вистинската страна на историјата и со задоволство ќе повторам дека остануваме на вистинската страна. Ние сме тој континуитет на постојана борба за подобра иднина на сите наши граѓани. Аманетот на борците од НОБ ќе го исполниме, за сигурна, безбедна, економски напредна, стабилна и европска македонска иднина – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски