МВР извести дека вчера во 18 часот на граничниот премин „Долно Блаце“ при извршена пасошка контрола на С.С.(58) од Косово констатирано било дека е евидентиран во оперативна евиденција со мерка „апси“ по барање од Интерпол.
По извршени проверки утврдено било дека тој бил предмет на меѓународна потрага од УНMИК Косово.
С.С. е предаден на полициски службеници од соседниот граничен премин „Хани Елезит“ (Косово).