Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Од:

Возило и гаража биле запалени доцна синоќа во Кавадарци, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари.

За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

– Оштетено е едно возило „голф“ четири, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната. Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола

Пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири и е надвор од контрола

(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден

ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

Локализиран e пожарот кај селото Гујновци во Пробиштип