Оставка на претседателот на општинската организација на ЗНАМ во Кочани: Не поддржувам ниеден кандидат за претседател

Од:

Уште непочната претседателската трка, почнаа превирања со собирањето потписи. Вчера дел од кандидатите се пожалија дека ДИК не презентирала доволно податоци граѓаните да знаат каде и за кој кандидат да се потпишат. Тоа го истакна и претседатеалкиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Веднаш потоа од неговата кандидатура и партијата ЗНАМ првиот човек во Кочани кој повика дека се откажува да собира потписи за претседателскиот кандидат Максим Димитриевски.

Претседателот на општинската организација ЗНАМ , Николчо Гоцев вчера поднел оставка, а со статус на Фејсбук повика дека тој нема да собира потписи за претседателската кандидатура на Максим Димитриевски.

Почитувани пријатели, роднини, подржувачи

ВЕ ПОВИКУВАМ ДА НЕ ИЗЛЕГУВАТЕ ДА СЕ ПОТПИШУВАТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ поради мене, за моја чест или мој ат’р. Доколку сами сметате дека е потребно тогаш сторете го тоа, но не заради мене.

Ве известувам дека јас лично НЕ ПОДРЖУВАМ НИКОЈ КАНДИДАТ.

Не ЗНАМ и не сакам да ЗНАМ.

Ве известувам дека од денес ПРЕКИНУВАМ СО СИТЕ ПОЛИТИЧКИ АКТИВНОСТИ ОД СЕКАКОВ ВИД.

Господ да ни е напомош, напиша Гоцев.

А1он побара став од Гоцев но не доби одговор за што станува збор и зошто се откажува од функцијата и партијата. Не така одамна седеше до Максим Димитриевски на 25 јануари и изборна конференција на ЗНАМ во Кочани каде што беше избран за претседател на општинската организација.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Излези Венко на тв дуел со мене, викни го и Заев напомош

А1он

(ВИДЕО) Липковски: Безбеден сообраќај е одговорност на сите, силен фокус на создавање на максимални услови

(ВИДЕО) Каревска: Куманово е посветено на децата и се бори за нивната среќна иднина

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар и центарци знаат што е вистинска вредност

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене