(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Од:

Драган Анастасов од СДС во предизборната кампања за втор градоначалнички мандат на изборите во 2021 година, порача дека до 2023 година ќе го затвори старото јаловиште, или ќе си даде оставка, нови избори немало да чека. Пробиштип го чека Анастасов да си го исполни зборот и веднаш да си поднесе оставка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС излажа, Анастасов излажа, изборите во мај се шанса за Анастасов да си оди, а граѓаните да гласаат и за градоначалник што ќе го затвори прашањето. Драган Анастасов не успеа со темелниот проект на неговата кампања и основа за мандат, затоа нека покаже доблест и нека замине. Јаловиштето е извор на канцерогено загадување со олово, кадмиум, цинк, жива, железо, бакар, арсен, ураниум и хемикалии како бакар сулфат, натриум цијанид, калциум оксид и калциум карбонат, за коешто веќе осум години решението седи во фиока. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито