Mодната креаторка Тања Кокев утревечер во 20 часот на платото пред новиот Македонски народен театар, ќе го промовира својот парфем ACTRESS by Kokev.
Парфемот е направен во најпрестижната фабрика Parfume world cosmetic, каде се произведуваат мириси за најпознатите светски брендови. Основните мирисни ноти доаѓаат од ружа, цимет и мандарина во една специфична мешавина со уникатен сензибилитет.
Во дизајнирањето на парфемот помогна и формулата ја изработи Марија Аслимоска, единствената Македонка која се занимава со изработка на парфеми и има стручна подготовка во таа област, а живее и работи во Даблин.
Заштитно лице на ACTRESS е глумицата Јелена Јованова со која е изработен промотивен спот во режија на Александар Поповски, а премиерно ќе биде прикажан на овој настан.