Фудбалерот на Реал, Тони Крос денеска соопшти дека по тригодишна пауза се враќа во германската репрезентација.
“Момци, во март повторно ќе играм за Германија. Зошто? Затоа што ме покани селекторот Јулијан Нагелсман, затоа што сум подготвен за тоа и затоа што сум сигурен дека оваа репрезентација може многу повеќе на Европското првенство отколку што мислат повеќето”, напиша Крос на Инстаграм.
Крос последен пат за Германија играше на Европското првенство во 2021 година, кога Англичаните победија со 2:0 во осминафиналето. Тоа беше на 29 јуни 2021 година, а три дена подоцна Крос објави дека се повлекува од националниот тим.