Кузеска: Наместо аматерски скечеви пратениците од ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши со новото уставно име

Од:

Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните. Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно име, изваден пред нешто повеќе од еден месец вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Антонијо Милошоски исто така има дипломатски пасош со новото уставно име, Северна Македонија и многу други пратеници од ДПМНЕ. Од една страна нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го заглавува процесот со погрешни одлуки и чекори. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши го укина вадењето пасош без закажување. Тоа го пролонгираше целиот процес со месеци. Граѓаните со денови не можат да закажат термин, а оние што се сликале не можат да го добијат пасошите со недели. Од друга страна ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со законско решение може да се сменат обврски од меѓународен договор. Така, ДПМНЕ создава уште поголем проблем за граѓаните, пасошите да им важат само дома, кадешто не им требаат а да не важат во други држави, каде што им требаат. ДПМНЕ сака само да се прекрши Преспанскиот договор, а граѓаните и натаму да ги враќаат од граници, бидејќи законот ќе важи само во Македонија. Така што, наместо да се потсмеваат со граѓаните преку аматерски и неумешни счекеви на границите, пратениците на ДПМНЕ нека ги вратат дипломатските пасоши и нека го повикаат нивниот министер да си ја работи работата, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Мицевски: Од Венециската комисија очекуваме стручно, независно и објективно мислење за измените на Законот за правосудниот испит

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски