СДСМ со одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски

Од:

Партиски извори од СДСМ информираат дека попладнево на состанок на раководството на партијата е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.

-Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата