Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, оцени дека изјавата на премиерот Албин Курти дека не се согласува со САД за некои прашања претставува „очајнички обид на Курти да ги сокрие несогласувањата со сојузниците, токму онаму каде што не треба во безбедносната сфера“.
Во објава на Фејсбук, Харадинај рече дека „токму поради безбедноста на Косово не смее да има разлики и несогласувања со партнерите“.
-Безбедноста на Косово и на регионот се гарантира само со обединување со сојузниците, особено со САД и влез во НАТО – напиша поранешниот премиер.
Тој оцени дека позицијата на Косово како „сојузник во прашањата за глобалната безбедност никогаш не може да се промени, без разлика кој е на чело на владата“.
„Тоа не е само дефиниција, туку и наша непроменлива ориентација“, додаде тој.