Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Од:

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ја доби мнозинската поддршка од 15 советници од Карпош, според која тој и стручните служби на Општината ќе поведат постапка пред Уставен суд, за оспорување на предметниот ДУП СЗ 16 кој неодамна го донесе Општина Ѓорче Петров. Имено, мнозинството советници гласаа позитивно за Предлог – Мислењето кое беше доставено пред нив на денешната вонредна 43. седница, кое воедно претставува и акт на противење на начинот и процедурата со кои е донесена оваа планската документација на Општина Ѓорче Петров.

„Поточно, станува збор за плански опфат кој граничи со општина Карпош на потегот кај населбата Влае, во чија околина се планира изградба на три хемиски фабрики, кои би биле лоцирани во непосредна близина на бунарското подрачје Лепенец – Вардар. По проценките на стручните лица, отпадните води од тие хемиски капацитети ќе завршат на територија на општина Карпош, што претставува закана по здравјето на населението кое живее во тој реон. Според Деталниот план на Општина Ѓорче Петров се предвидува и изградба на триесетина објекти за колективно домување (од 5 до 21 кат) во близина на населбата Влае, кои дополнитело ќе ги загрози интересите на карпошани и сериозно ќе го доведе во прашање квалитетот на нивниот живот“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски