Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

Од:

Италијанските власти денеска воведоа ограничувања во Милано и околните провинции во северна Италија во обид да се справат со смогот. Ограничувањата вклучуваат делумна забрана за дизел возила и забрана за огнови на отворено и употреба на одредени печки на дрва, пишуваат медиумите. Тие се воведени за Милано и уште осум провинции во регионот Ломбардија.

Високото ниво на честички веќе некое време предизвикува проблеми во густо населениот регион во северна Италија. Во неделата воздухот во Милано беше на моменти трет најлош во светот според рангирањето на приватната швајцарска еколошка компанија IQAir. Пред Милан се само Дака во Бангладеш и Ченгду во Кина.

Во зима, смогот е добро познат проблем во некои поголеми италијански градови. Посебно е погодена долината на По на северот од земјава поради недостиг на циркулација на воздухот, што е последица на нејзината поставеност меѓу високите планини. Покрај тоа, високата густина на населеност во областа значи дека има многу возила и куќи кои произведуваат емисии.

Недостигот од ветер и дожд ја влошуваат ситуацијата. Во Милано, градот ги повикува жителите да го намалат греењето на 19 степени Целзиусови во затворени простории за да се намалат емисиите на гасови. Официјалните лица исто така препорачуваат луѓето да поминуваат што е можно помалку време на отворено.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски