Ѓорѓиев: Ќе се реконструираат 132 училишта

Од:

Портпаролот на Владата , Александар Ѓорѓиев на прес-конференција соопшти дека 132 основни и средни училишта во 49 општини низ Македонија ќе бидат реконструирани и реновирани за три години, за што Владата обезбеди 45 милиони евра или по 15 милиони евра за секоја последователна година, почнувајќи од оваа.

„Училиштата се определени преку јавен повик и преку нивна физичка проверка. Целта на проектот е да се создадат современи услови за настава во енергетски ефикасни училишта. Ќе бидат опфатени различни општини, независно од составот на населението или од политичката припадност на градоначалникот“, рече Ѓорѓиев.

Меѓу 132-те опфатени училишта, 11 се во Куманово, седум во Битола, шест во Гостивар, по пет во Охрид, Струга и Тетово, четири во Струмица, по три во Прилеп и Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет