(ВИДЕО) Авион со дупка на трупот летал над Белград цел час

Од:

Авион на „Marathon Airlines“, авиокомпанијата која врши летови за Air Serbia, принудно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград со дупка на трупот и оштетено крило, како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи.

Во авионот во тој момент имало 106 патници, а штетата настанала при полетувањето од белградскиот аеродром кога удрил во светлосната сигнализација на крајот од пистата.

Според неофицијални информации, пишува N1 Србија, причина за инцидентот е краткото полетување кое го извел пилотот и недоволното време леталото да се одвои од пистата за да ја избегне светлосната сигнализација.

Во оваа состојба, авионот кружел над Белград еден час пред конечно да слета. Поради истекување гориво, пожарникарите морале да го испрскаат леталото со пена за да спречат пожар.

Air Serbia соопшти дека авионот на летот за Дизелдорф е вратен од технички причини, а безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски