Многу е важна брзата пруга меѓу Будимпешта и Атина, чија вкупна должина ќе биде 1.512 километри. Тоа ќе биде столбот на железничкиот сообраќај на Западен Балкан што ќе овозможи излез на сите земји од тој дел на Балканот кон Централна и Западна Европа, изјави денеска српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.
Тој потсети дека е завршена 76-километарската брза пруга меѓу Белград и Нови Сад, а во тек е изградбата на 108-километарската пруга меѓу Нови Сад и Суботица и дека Унгарија ќе ја заврши својата пруга до Будимпешта во должина од 166 километри до крајот на 2026. Брзата пруга од Будимпешта до Белград ќе се користи веќе во 2027 година.
„Дополнително, почнуваме да градиме брза пруга до Ниш во должина од 230 километри, за што веќе годинава ќе ги распишеме првите тендери. Градиме пруга до Брестовац, 23 километри, а имаме 135 километри до Прешево, а за Македонците 50 километри до Скопје“, рече Весиќ.
Тој потсети дека владите на Србија и Северна Македонија потпишаа договор и дека заеднички ќе бараат пари за пругата од Ниш до Скопје пред Европската унија.
Тој изјави дека Грците веќе имаат пруга од Атина до Солун, за чија реконструкција сега инвестираат од 300 до 500 милиони евра и дека по договор на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис најавија дека ќе изградат 76 километри пруга од Солун до Идомени, односно до границата со Северна Македонија.
„Останува да се заврши делницата од Скопје до Идомени и да имаме 1.512 километри брза пруга што ќе ги поврзува Будимпешта и Атина преку Суботица, Нови Сад, Белград, Ниш, Скопје и Солун“, рече Весиќ и посочи дека целосно ќе промени начинот на живот луѓе.
Весиќ рече дека во март ќе се одржи средба во Белград, на која ќе биде домаќин, а на која ќе присуствуваат министрите за транспорт на Унгарија, Грција и Северна Македонија, на која ќе разговараат за сите оперативни обврски за да може заедничката работа да се заврши што е можно поскоро.
Тој изјави дека брзата пруга од Белград до Солун ќе трае околу шест часа, а од Белград до Будимпешта за три часа и 45 минути, а од Будимпешта до Атина се планира да се патува за околу 14 часа, што е побрзо од сега со кола.
„Ова овозможува поголема удобност и многу луѓе ќе ја користат таа пруга, а освен тоа ќе биде важна и за транспорт на стоки“, истакна Весиќ.
Тој рече дека железницата се иднината, што, додаде, се гледа и од плановите на Европската унија, според кои најмногу пари се инвестираат во железницата.
Тој наведе дека тие се, пред сè, начин на транспорт со голем капацитет, што значи дека железницата може да превезува многу повеќе луѓе и стоки од автобусите или автомобилите, а покрај тоа, железницата е побрз и побезбеден превоз, но и еколошка форма на транспорт, што е особено значајно бидејќи не ја загадуваат животната средина.
Ќе се инвестира само во железницата и затоа интензивно инвестираме во нив“, рече Весиќ и додаде дека се планира да се реконструираат повеќе од 2.000 километри регионални пруги.