Парнарџиева Змејкова: Има бенефиции за лекарите кои сакаат да работат во рурални средини

Од:

Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова денеска ја посети подрачната единица во Куманово за да се информира за тоа како се реализираат тековните проекти.

Таа ќе се сретне со матичните лекари со кои ќе дискутира за актуелните и проектите кои ќе стартуваат во јануари 2014 година.

Парнарџиева Змејкова потенцираше дека бенефиции има за лекарите кои сакаат да работат во рурални средини, но интерес нема од матичните.

– Станува збор за две локации во Арбанашко и Бајловце. Доколку има некој заинтересиран доктор да се обрати до ФЗО да го информираме за правата и обврските. Сепак, тоа е за рурални места каде има помалку граѓани, односно жители и фондот дава одредени стимулации. Она што ме радува е дека отворени се две аптеки во село Матејче и Старо Нагоричане кои што почнаа да функционираат од јули годинава врз основа на новиот проект на ФЗО и министерството, додава директорката.

Таа објаснува дека дозволените квоти за лекови за Општина Куманово не се целосно искористени што говори дека достапност на лекови има.

Директорот на подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Мирослав Стојановски рече дека пензионерите ќе бидат информирани да си ги подигнат електронските здравствени картички или ако не аплицирале воопшто истата обврска да ја завршат.

– Се што денеска ќе биде договорено во вид на соопштение ќе биде истакнато во филијалата во Куманово и тука ќе можат да дојдат пензионерите да се информираат за начинот на кој да добијат здравстевни картички за да во иднина ФЗО нема проблеми. И самите осигуреници да немаат проблеми во своето лекување, изјави Стојановски.

Во Куманово 60.000 граѓани веќе ги подигнале здравствените електронски картички, а за уште 35.000 осигуреници картичките се готови. 

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on