Во „Тодор Јанев“ во Чашка сепак ќе се учи на албански: Ќе има нов директор и нема да се менува статутот

Од:

Наставата на сите ученици во основното училиште „Тодор Јанев“ во општинат Чашка, времено, односно до крајот на учебната година, ќе се реализира во постојниот објект и по адаптирани наставни програми, одлучи Владата, со што се стави крај на неколку месечните блокади од страна на родителите на децата.

Учениците ќе продолжат со наставата, а тензиите ќе се смират по неколкумесечните протести на родителите и Советот на родители на ООУ „Тодор Јанев“ кои не дозволуваа децата Албанци да учат на мајчин јазик затоа што во училиштето по реонизација се изведува само настава на македонски јазик.

Според договореното, статутот на училиштето ќе остане непроменет, ингеренциите врз ООУ „Тодор Јанев“ ќе му бидат вратени на градоначалникот Горан Стојановски и ќе биде назначен нов директор на училиштето.

Учениците Албанци ќе продолжат со настава на албански јазик до завршувањето на учебната година во просториите на „Тодор Јанев“, но административно ќе бидат под ОУ “Лирија“ затоа што таму согласно статутот се учи на албански наставен јазик.

„Најпрвин сакам да им упатам честитки на издржливоста и решителноста на родителите и Советот на родители од ООУ Тодор Јанев кои бескомпромисно застанаа на страната на вистината, на страната на заштитата на интересот на образовниот процес и интересот на своите деца и сите овие месеци покрај безброј притисоци останаа на ставот свесно ризикувајќи и губење на учебната година на своите најмили.

Она што го бараме долги години, а последно ми беше одбиено во расправата за буџетот за 2024, во с.Бањица ќе се изгради ново училиште и тоа е превземена обврска од МОН, за од септември да се одвива таму наставата наместо во Чашка со што учениците нема да губат време во патување.
Се формира нов правен субјект, ново училиште и веднаш кога ќе се исполнат условите овие ученици ќе продолжат со настава под новото училиште наместо под Лирија“, соопшти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски кој беше вклучен во преговорите за решение.

Родителите на учениците Македонци не дозволуваа и вонстатутарно отворање на албанска паралелка која ја одобри МОН, а ја прифати директорката Елена Николова која пак беше назначена од министерот Јетон Шаќири откако тој му ги одзеде ингеренциите врз ООУ „Тодор Јанев“ на градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски.

Неколку денови полиција од Велес и Чашка беше и тампон зона помеѓу родители и директорката, а еднаш мораше и да интервенира за да ја спречи топлата да и се нафрли на Николова.

Би можело да ве интересира

Активен е пожарот кај селото Оморани

Горан Наумовски

Во Општина Чашка денеска избувна пожар и над село Теово во месноста Карпас

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

Нема никаков документ за договорот за настава на албански јазик во Чашка, во случајот има многу пропусти вели Јаневска

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

A1on

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка