Општина Гостивар денеска ги издаде првите четири електронски одобренија за градба.

Од:

Со тоа, како што информираат локалните власти, на инвеститорите ќе им се овозможи брза и транпарентна постапка без корупција, независно од тоа дали се наоѓаат во земјава или во странство.

 „Издадовме четири електронски градежни дозволи, а во процедура се уште 19 што аплицирале. Со тоа ние се приклучуваме кон градовите во Европската Унија и во САД, кои работат по ист критериум. На тој начин ќе добиеме економски раст и нашата општина ќе оди напред. Апелирам до нашите граѓани што привремено работат во странство слободно да инвестираат во својот град.Од денес натаму нема да има корупција и условување. Во овој мандат сите дозволи ги давам на рака за да нема злоупотреба во Секторот за урбанизам“,рече градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

Со информацискиот систем „Е-одобрение за градење” се овозможува  електронско постапување по барања за издавање на одобрение за градење, доградба и надградба.

Според најавите, во согласност со Законот за градење,набрзо ќе биде овозможено по електронски пат да се добиваат одобренија  за сите останати видови барања.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар