Земјотрес со магнитуда од 5.7 степени го погоди најголемиот активен вулкан, Мауна Лоа, на Големиот Хавајски Остров.
Притоа, потресот предизвикал паѓање на производи од полиците во продавниците во најблискиот град, но засега нема известување за поголеми штети.
Епицентарот бил во средишниот дел на Мауна Лоа, на длабочина од 37 километри. Во блиските села и градови се треселе стаклата на домовите и рестораните.
Овој вулкан последно еруптираше во 2022. Притоа, Мауна Лоа е најголем од петте вулкани на Големиот Хавајски Остров. Не се целосно познати причините за потресот, но веројатно се работи за активноста на јадрото на вулканот.
За среќа, земјотресот е доста длабок и нема да предизвика ново движење на лавата.