Левица бара извинување од Амбасадорката на САД за честитката до Џафери

Од:

Поттикнати од честитката на Агелер упатена кон техничкиот премиер Талат Џафери, партијата Левица побара извинување поради јазикот на кој истата честитка беше напишана.

Соопштението го пренесуваме во целост во продолжение:

Поради отсуство на државничка одговорност и национална свест, како и очигледниот вазалски менталитет на државниот врв на Република Македонија, Левица испрати Отворено писмо до Амбасадорката на САД – Анџела Прајс Агелер, во кое бара извинување поради стимулација на јазична федерализација на Македонија!

Имено, на 31 јануари 2023 година, од страна на Амбасадорката испратена е честитка на албански јазик до техничкиот претседател на Влада, амнестираниот воен злосторник, Талат Џафери. Иако испраќањето честитка претставува симболичен гест, сепак, беше погазен Уставот на Република Македонија (член 7).

Дополнително, со овој чин беше прекршена и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, која ги обврзува дипломатите да ги почитуваат законите и прописите на земјата во која се назначени за дипломатски претставници.

Сметаме дека овој потег на амбасадорката е спротивен на стратешките интереси на Македонија, подгрева меѓуетничка тензија, претставува отворена поддршка на трибалистичките политики на етнички профилирана политичка партија и поттикнува јазична федерализација, која го загрозува суверенитетот и унитарноста на Републиката.

Би можело да ве интересира

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга