Командатот на загребската противпожарна бригада Синиша Џембрих изјави дека при уривањето на скелето на полициската зграда на улица Петрињска бр.30 нема повредени бидејќи работниците успеале да избегаат на време, а на улицата немало никој.
Џембрих во изјава за медиумите рече дека пожарникарите на местото на настанот пристигнале за четири минути.
„По пристигнувањето почнавме да го пребаруваме тој дел од улицата што беше уништен. За среќа нема повредени. Се чини дека скелето полека паѓаше, па работниците кои беа на скелето успеаја да избегаат низ прозорците внатре“ рече тој и додаде:
„Оштетено е едно возило. Станува збор за зграда на полициската управа во Загреб, која е испразнета поради реновирање. Во моментов работиме на отстранување на овие небезбедни делови, така што сообраќајот ќе биде запрен извесно време, па ги замолуваме граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот“, рече Џембрих.