Вулкан во југозападен Исланд денеска еруптираше по трет пат од декември, исфрлајќи лава висока до 80 метри и нарушувајќи го секојдневниот живот на полуостровот Рејкјанес. Лавата веќе ги помина патиштата во Сината лагуна, луксузен геотермален спа центар кој е затворен поради ерупцијата.
#Iceland eruption: New drone images of lava flow
Footage: RÚVhttps://t.co/wDhrGs3kZl pic.twitter.com/cuH9Yce8vy— Nordic News (@Nordic_News) February 8, 2024
Лавата оштети и цевки за термална вода во областа јужно од главниот град и го прекина снабдувањето со топла вода за 20.000 луѓе. Може да поминат денови за повторно да се воспостави снабдувањето со топла вода преку помошниот цевковод. Цивилната заштита побара од домаќинствата и компаниите умерено да ја користат електричната енергија.
NEW – #Iceland eruption: Lava "three hours" from a water pipe that serves the entire peninsula
Footage: RÚVhttps://t.co/wDhrGs3kZl pic.twitter.com/zpQl9Ss5ke— Nordic News (@Nordic_News) February 8, 2024