Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Од:

Ние цениме секого и како политички субјект, зборувам за СДСМ и јас лично, ги ценам сите членови на Владата и сметам дека зависно од тоа што премиерот ќе го процени, какви се сигналите од Алијанса за Албанците и какви се ставовите, во врска со ова и нормално, какви се бројките во Собранието, ќе зависи исходот. Вака одговори вечерва првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на новинарско прашање за случувањата во АА, предлозите за нови министри и случувањата во техничката влада.

– Прашањето на предлагање избор и разрешување на членови на Владата е во надлежност на премиерот, односно мандатарот. Мандатарот Талат Џафери го предложи составот на Владата, Собранието го поддржа и оттогаш сме членови на Владата, предводени од премиерот Џафери. Ќе видиме во однос на тоа што дошло од Алијанса, претпоставувам дека премиерот на техничката Влада, Џафери ќе постапи согласно тоа што е политичка индикација, подвлече Маричиќ во изјава за новинарите.

Сепак, како што додаде, Алијанса е „значаен партнер во Владата и треба да се чујат нивното мислење и нивните предлози“.

– Ние имавме вчера седница, долга седница на Владата и се донесоа многу одлуки. Во дел од одлуките учествуваа и актуелните министри и актуелните заменици министри од Алијанса. Имаше одредени различни мислења, но, ова е Влада што обединува повеќе партии. Доколку премиерот процени, значи ќе треба него да го прашате, ќе побара нивно разрешување. Важно е, нормално, кого поддржуваат партиите и како, бидејќи Владата се составува врз основа на волјата на партиите. Но, ако Алијанса влегла во техничката Влада затоа што била дел од мнозинството и ги задржала истите места како што била дел во мнозинството, тогаш треба и така и очекуваме да се постапи. Доколку Алијанса, или дел од Алијанса го промениле мислењето, тоа сепак зависи од внатрепартиските одлуки, ќе треба исто така да се изјаснат, многу е тешко да имате двојна позиција во исто време, појасни Маричиќ.

Тој вечерва оствари средба со претставници на германскиот Бундестаг, по што следуваа изјави за медиумите.

Би можело да ве интересира

Левица: Трет бран апанажи – ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Маричиќ: Во нашата програма за млади ветуваме 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години

A1on

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

A1on

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада