Битиќи: ТЕ-ТО ќе ја исклучиме затоа што е руска инвестиција, за пет години ќе се изгради грчка гасна централа

Од:

Владата планира да ја исклучи когенеративната централа „TE-TO“ од македонскиот енергетски систем бидејќи е руска инвестиција и тоа ќе го направи од стратешко безбедносни причини.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека ова ќе се случи откако ќе биде изградена новата централа на грчкиот инвеститор „Митилинеос“.

– Централата ТЕ-ТО ќе ја исклучиме затоа што е руска инвестиција. Наскоро ќе започне изградбата на гасоводот со Грција и ние повеќе нема да бидеме зависни од нив – истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот брифинг со новинарите.

Со Законот за стратешка инвестиција кој утре треба да го гласаат пратениците на пленарна седница, гасната централа „Митилинеос“ која ќе се гради на земјиште во комплексот Железара во општина Гази Баба, ќе и бидат дадени 50 милиони евра државна помош за пет години.

– На Митилинеос ќе му биде дадено големо државно земјиште во комплексот Железара во Гази Баба за релативно мала сума, а дополнително државата ќе ја направи и пристапната инфраструктура. Митилинеос ќе треба да ја изгради централата за пет години и се очекува покрај електрична енергија, да произведува и топлинска енергија која што би била за 40 отсто поевтина. Струјата што би ја продавал Митилинеос на ЕСМ би била само 5 отсто пониска од берзанската – рече Битиќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 отсто, најголем досега во историјата

Горан Наумовски

Потенцијален инвеститор заинтересиран за изградба на когенеративна гасна постројка

Премиерот Мицкоски му се заблагодари на Битиќи за ангажманот за германската БМЗ груп

Горан Наумовски

Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија“, имаме тотална фискална деструкција

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он