Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Од:

На последната 38-ма седница на Советот на општина Аеродром беше донесен Извештај за реализирани активности од областа на спортот за 2023 година. Во самиот извештај можеше да се забележи дека изостанува помошта за спортските клубови кои гравитираат на територијата на општина Аеродром, за која имаше оглас од страна на истата каде што аплицираа голем број на клубови велат од Левица.

– Градоначалникот Тимчо Муцунски, иако предизборно ветуваше помош на спортските клубови која им е потребна за нивната егзистенција, ги остави да се снаоѓаат како знаат и умеат. Советникот Дејан Ристовски имаше обраќање по основ на овој извештај и на спортистите од општина Аеродром им порача да внимаваат за кого ќе гласаат на следниот избори, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

Левица: Од кал да е, од ДПМНЕ да е – уште една узурпација на УМС