(ВИДЕО) Огромен конвој камиони оди кон Тексас, Трамп се обидува да го заглави договорот за мигрантите

Од:

Двопартиските преговарачи во американскиот Сенат денеска ќе го објават долгоочекуваниот, политички чувствителен договор за запирање на преминувањето на мигрантите преку границата меѓу САД и Мексико, со цел следната недела да се гласа за нацрт-законот кој исто така ќе обезбеди нова помош за Украина и Израел.

Но, тој предлог-закон веќе се соочува со значително противење од страна на републиканците во Сенатот и Претставничкиот дом кои се на страната на Доналд Трамп, фаворитот за републиканската претседателска номинација.

Сенаторот Кирстен Синема, еден од тројцата двопартиски преговарачи кои работеа со месеци на граничниот договор, рече дека договорот на кој работат ќе стави крај на практиката на ослободување на мигрантите фатени како илегално ја преминуваат границата, ќе обезбеди итни овластувања за затворање на границата. Драматично ја менуваме политиката“, изјави независниот сенатор од Аризона.

Трамп ги повика пратениците да отфрлат каков било договор пред претседателските избори во ноември, кои ќе ја одредат контролата врз Белата куќа и Конгресот. Водачот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, најави дека првото гласање во Сенатот за дополнителниот пакет помош ќе се одржи најдоцна следната среда.

„Не можеме едноставно да бегаме од нашите одговорности само затоа што задачата е тешка. Овие предизвици на границата и на Украина и на Блискиот Исток се едноставно премногу големи“, рече Шумер во Сенатот, најавувајќи дека текстот на законскиот предлог ќе биде завршен најдоцна до недела.

Претседателот Џо Бајден побара од Конгресот во октомври да одобри предлог-закон за итни трошоци од 106 милијарди долари, вклучувајќи 61 милијарда долари за Украина и 14 милијарди долари за Израел. Тоа барање беше закочено поради инсистирањето на републиканците тоа да биде поврзано со промените во имиграциската политика.

Границата меѓу САД и Мексико е главен проблем за републиканците, со рекорден број мигранти фатени како илегално преминуваат во САД откако Бајден ја презеде функцијата во 2021 година. Граничната патрола на САД уапсила околу 2 милиони мигранти на границата во 2023 година, што е слично на рекордниот број во првите две години од мандатот на Бајден.

Имиграцијата е исто така втора најголема грижа за Американците, според анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена во средата. Околу 17 отсто од испитаниците рекле дека тоа е нивната најголема грижа, што е нагло зголемување од декември.

Најавата на Шумер дојде еден ден откако претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, републиканец, фрли сомнеж за иднината на каков било договор за границата на Сенатот, велејќи дека на Бајден не му треба нова легислатива за да го реши проблемот. „Од она што го слушнавме, овој таканаречен договор не ги вклучува промените на трансформациската политика што се потребни за да се запре катастрофата на границата“, рече Џонсон.

Но, некои републиканци се противат на колегите од нивната партија кои го нападнаа законот без да знаат што има во него. „Има некои во Сенатот и Претставничкиот дом кои очајно се обидуваат да го саботираат ова“, им рече на новинарите пратеникот Ден Креншо, Р-Тексас, сугерирајќи дека слепата републиканска опозиција во голема мера била фокусирана на тоа да не му помогне на Бајден да го избегне имиграциското прашање во ноемвриските избори. „Тие прават да изгледа дека другите сме против законот. Но, тоа едноставно не е точно. Сакам да ја обезбедам границата. Тоа е она што им кажав на моите гласачи дека ќе го направам“, додаде Креншо.

За утре е најавен огромен протест во Тексас. Колона камиони наречена „Take out border back“ ја напушти Вирџинија во понеделникот и се упати кон границата. Организаторите на протестот најавуваат доаѓање на 700.000 луѓе. Тие бараат од Бајден да преземе мерки за намалување на миграцијата.

„Ние сме само обични граѓани, земјоделци, сточари, пензионирани полицајци. Ние не сме некои луди теоретичари на заговор. Тоа ќе биде мирен собир на Американци од сите политички класи и сите етникуми. Имаме камионџии, родители, мотоциклисти… Кога луѓето би можеле да донесат коњи, би го направиле и тоа. Знам дека зборуваме за 700.000 луѓе, а можеби и повеќе од тоа“, изјави организаторот Ким Јетер за New York Post.

Тој тврди дека не се против имиграцијата, туку дека „работите излегле од контрола“.

Да потсетиме дека сериозен конфликт меѓу федералната влада и Тексас избувна околу прашањето за мигрантите. Гувернерот на Тексас, републиканецот Грег Абот, постави жица на границата, но Врховниот суд нареди жицата да се отстрани. Абот тврди дека Тексас има право на „самоодбрана“ и ќе им се спротивстави на федералните сили доколку е потребно. Тој беше поддржан од 26 републикански гувернери кои велат дека се подготвени да му дадат воена поддршка на Тексас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on