Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул

Од:

Зинедин Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул наместо Јирген Клоп.

Зидан е без функција повеќе од две години откако ја напушти клупата на Реал Мадрид.

Зидан имаше голема желба да стане селектор на Франција, но од тоа нема ништо бидејќи Дидие Дешам го продолжи договорот со триколорите до 2026 година.

Така трофејниот тренер би можел да стане нов тренер на Ливерпул и да го замени Јирген Клоп, кој најави дека се повлекува од тренерската функција на клубот од Енфилд, како шеф на стручниот штаб.

Популарниот Зизу во два наврати беше на клупата на Реал Мадрид, а во периодот од 216 до 2021 година донесе две титули во шпанскиот шампионат, како и три Лига на шампиони.

Би можело да ве интересира

Реал: Му благодариме на Зидан за посветеноста кон нашиот клуб

Ана Ололовска

Зидан заразен со коронавирус

ФИФА и УЕФА најавија строги казни за клубовите што сакаат да прават Суперлига

Жарко Настоски

Зидан не сака да слушне за Лига Европа: Одиме на победа против Борусија

Жарко Настоски

Зидан: Среќен сум со играчите што ги имам

А1он

Зидан сака да го види Погба во Реал, Перез бара поевтини опции за засилување

Жарко Настоски