Поплавите предизвикани од тајфунот Усаги во Виетнам предизвикаа три жртви во централниот дел од државата додека 13 се сметаат за исчезнати, јави ДПА.
Поплавите и лизгањето на земјиште урнаа речиси 5.000 куќи и поплавени се околу 6.000 хектари оризови насади.
Усаги е осмата тропска бура која год погоди Виетнам оваа година. Само во септември во северниот дел од државата заради поплави и лизгање земјиште животот го загубија најмалку 30 луѓе.
Брзината на ветровите е речиси 240 км/час. Заради приближувањето на Усаги, кој веќе е наречен супертајфун, властите во Филипини евакуираа села во северниот крајбрежен појас. Бурата во моментот е меѓу Филипини и Тајван.