Тројца онколози и двајцата директори осомничени за скандалот Онкологија – обвинителството отвори постапка

Од:

По пет месеци од дознавањето за скандалот на Онкологија, Обвинителството денес отвори истражна постапка.

Осомничени се вкупно пет лица. Ексмедицинскиот и поранешниот организациски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, како и тројца лекари онколози.

Делата за кои се осомничени, двајцата екс директори според доказите кои ги прибрало Обвинителството во текот на предистражната постапка ги сториле во периодот од 2017 до 2022 година.

Истрагата покажала дека спротивно на протоколите за лекување, се препишувани лекови на пациенти каде постои недоследност во дозирањето на лековите и тајмингот на апликацијата.Од 2018 до 2022 година, осомничениот Васев не ги фактурирал набавените лекови од биолошката терапија, и тие биле над буџетот на годишно ниво. Препишувани се лекови на пациенти со недоследност во дозирањето. Ова значи дека е требувана вишок терапија на име на пациентите, велат од Обвинителството.

Шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски и обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска, не излегоа со имиња на обвинетите туку само со иницијали и работни места кој ги извршувале во дадениот период.

Сепак по вчерашните апсења, но и според периодот кога бил медицински директор првоосомничен е медицинскиот ексдиректор на Онкологија, Нино Васев. Тој, според информациите на Обвинителството се товари за седум кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и едно кривично дело измама во службата.

Организацискиот директор исто така е осомничен за измама во службата. Нехат Нухи, се сомничи за „измама во службата“.

Тројцата лекари онколози се сомничат за истото дело дело, но тие се осомничени за помагање, со препишување на терапијата на пациенти.

Од обвинителството бараат и мерки за претпазливост за осомничените. За ексмедицинскиот и ексорганозацискиот директор се бара да им бидат одземени пасошите и да им се забрани напуштање на живеалиштето, а за ексмедицинскиот директор и оддалечување од работното место.

За тројцата доктори онколози Обвинителството не побарало никакви мерки за обезбедување на присуство, бидејќи тие се осомничени за делото помагање.

Како што покажала истрагата, медицинскиот и организацискиот директор набавиле лекови на реверс пред склучување на договор за јавна набавка, без согласност од Фондот за здравствено осигурување на Македонија во период кога постапките за јавна набавка сѐ уште не биле спроведени од Министерството за здравство.

Обвинителството од досегашната истрага утврдило дека е сторена имотна корист за друг во износ од 1. 817.520.000 или близу 30 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

На Онкологија биолошка терапија им само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Катерина Ѓуровски

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ