Лефков: Ковачевски и СДС за да продолжат со криминал го направија командант Форина премиер на Македонија, а сега го молат ДУИ за заеднички листи

Од:

Македонија ги доживува најсрамните времиња приредени од Ковачевски и СДС. СДС на поклон ја даде Македонија на ДУИ, Ахмети и Талат Џафери, само за да си ги спасат фотелјите, само за да продолжат со криминалот и корупцијата го направија Талат Џафери или командант Форина премиер на Македонија вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Еден дезертер заменет со друг дезертер. Криминалците имаа држава ама сега својот криминал го овенчаа и со премиер. Еден криминалец со друг. СДС се силеа и удираа во гради дека нема да гласаат техничка влада која нема да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски упорно велеше дека нема таков случај во светот и дека тоа е неприфатливо, но кога на дневен ред дојде Талат Џафери цело СДС како ученичиња во клупа се нацртаа да гласаат од прв до последен. Затоа народот со право вели немаме држава. Како изгледа владеењето на ДУИ. Бизниси за лотарија водени од Груби, „Соравија“ купена од Дрин Ахмети без вложен денар, десетици милиони евра тендери за донаторот на ДУИ, „Еуровиа“, хотели на Шапка преземени од бизнисмени блиски до ДУИ, тендери преку ЕСМ кои се бројат во стотина милиони евра, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ