Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Од:

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, не гледа ништо спорно во најавениот пријателски натпревар меѓу Русија и Србија во контекст на меѓународните санкции под кои е рускиот фудбал.

Чеферин во опширно интервју за лондонски Гардијан рече дека никој друг освен Англија не го проблематизира овој натпревар.

„Тоа не е под наша јурисдикција. Србија може да игра и против нас во оваа просторија. Зошто тоа воопшто е толкав проблем? Зошто играњето фудбал би било проблем? Никому не му е грижа за тој натпревар, доколку вие Англичаните не зборувате за тоа, никој друг не би знаел дека се игра. Ние во Словенија воопшто ѝ не знаеме дека тој натпревар е закажан, бидејќи луѓето не се интересираат за работите кои англиската политика, но и мејнстрим медиумите, многупати ги истакнуваат. Луѓето знаат дека Русија е суспендирана и тоа е тоа. Сега ќе играат пријателски натпревар – па што ако играат“, истакна Чеферин.

Пријателскиот натпревар меѓу Русија и Србија е закажан за 21 март на стадионот „Лав Јашин“ во Москва.

Српската страна го договори гостувањето во Русија, откако за тоа доби „зелено светло“ од УЕФА и од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте