Собранието попладнево во рамки на 142. седница ги избра замениците министри и дополнителните заменици министри во техничката Влада.
Со тоа е комплетиран составот на техничката Влада на чело со Талат Џафери која ќе функционира сѐ до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници закажани за 8 мај и до изборот на новата политичка влада.
Собранието претходно на денешната 141. седница со 65 гласа „за“ и тројца „против“ ја изгласа техничката влада предводена од Талат Џафери.тех