Грипот зема замав, уште еден починат

Од:

Нови 1.675 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7% повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје.

Споредено со третата недела од минатата сезона бројот на заболени е поголем за 47,6%, а во споредба со третата недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 13 сезони), зголемувањето е за 32,2%.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.012 лица се на возраст од 15-64 години, 256 деца на возраст од 5-14 години, 237 деца на возраст од 0-4 години и 170 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 295, Битола – 287, Тетово – 165, Гостивар – 149, Дебар – 110, Куманово – 104, а во останатите, бројот на пријавени е ≤100.

Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Станува збор за лице на возраст од 45 години од Неготино кое било хоспитализирано во КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни, белодробни, дијабет, обезитас) и не било вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09.

Вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип во сезоната 2023/2024 изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има раст од 34,6%.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Таравари прими вакцина за сезонски грип

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Демири ветува помош на Леонид, системско решени по изборите