Николовски: Во 2024 странска инвестиција во Крива Паланка, модерни апарати за здравствениот дом, нови проекти за градот

Од:

Нови проекти за Крива Паланка, странска инвестиција во областа на прехранбената индустрија и набавка на нови апарати за здравствениот дом во неговиот роден град, најави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при вчерашната посета на Крива Паланка по повод официјалното пуштање во употреба на рехабилитираната делница од коридор 8, Крива Паланка – ГП Деве Баир.

-Активно инвестираме во истокот и североистокот, градежната експанзија се гледа во секој сегмент, се инвестираат околу 115 милиони евра за подобрување на магистралните патишта како овој тука, изградба на експресен пат од Страцин до Крива Паланка, изградба на железницата кон Деве Баир, проект кој се работи после подолги години на застој. Посебно драго што отвораме рехабилитиран магистрален пат во Крива Паланка, каде што изминатава година реализиравме десетици проекти од локална патна мрежа, а преку владините програми инвестиравме повеќе од 260 милиони денари во инфраструктура и други капитални објекти.

Успешно изградивме селски патишта, реконструиравме 11 градски улици, инвестиравме во спортот, културата, ставивме акцент и на руралниот и на урбаниот развој, рече Николовски.

Истакна дека работат за да обезбедат подобар живот за граѓаните на државата, подобар стандард, за организирано општество и подготвена заедница.

-Обезбедуваме развој на секој поединец бидејќи така се гради успехот на граѓанството и успехот на државата. Оттука, денес ми е посебно драго да најавам неколку работи и проекти што следуваат годинава, а тоа се: проектирање на пат Тораница – Саса, Македонска Каменица, странска инвестиција од областа на прехранбена индустрија, на реномирана бугарска компанија, за што Владата ги насочи инвеститорите, со општината заедно работиме на одредување на локацијата. Ќе се изврши набавка на мамограф, нов рендген апарат и гастроскоп за Здравствен дом „Димитар Арсов“, Крива Паланка, за што имаме позитивен одговор од странски донатори, проектирање брана на Киселичка Река, студија и мастерплан за изградба на зимски ресорт на Царев Врв. Ова се нешта што ќе го одбележат нашето работење, потврда дека инвестираме и во патишта, во водоводи и канализации, градиме градинки, училишта, мостови, плоштади, вложуваме во спортот, културата, но се грижиме за граѓаните, вложуваме во здравството, се грижиме за највозрасните, рече Николовски.

Тој порача дека во изминатиот период бевме сведоци на експанзија од нови проекти во регионот, а со уште позасилено темпо ќе продолжат и понатаму, за модерна, и урбана Крива Паланка, за подобар животен стандард на неговите сограѓани.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски