Италијанската „Леонардо“ избрана за најповолен понудувач од каде треба да се набават хеликоптери за Армијата

Од:

Италијанската компанија „Леонардо“ е избрана како најповолен понудувач од каде Министерството за одбрана треба да набави нови хеликоптери. Во следниот период ќе биде формирана Комисија која ќе треба да ги продолжи преговорите, а министерката за одбрана се надева дека овој процес ќе биде успешно завршен.

– Во период од речиси три години, интегрираниот проектен тим што беше формиран во Министерството за одбрана работеше на испитување на пазарот и прибирање на понудите од различни производители. На предлог на тимот, а врз основа на поширок консултативен процес со Генералштабот на Армијата и стручните лица во Армијата, се донесе одлука да се прифати понудата на еден од понудувачите, а тоа е „Леонардо“ од Италија, изјави денеска министерката Славјанка Петровска.

Доколку преговорите бидат успешни, треба да биде потпишан договор по кој во рок од две години треба да бидат испорачани хеликоптерите.

Во однос на законот за вработени во Армијата, којшто е во собраниска процедура, министерката се надева тој да помине и за него, како што рече, да нема политички пазарења. Очекува да биде свикана Комисијата за одбрана на која треба да се разгледа законот во второ читање и најавува дека ќе бидат прифатени сите оние амандмани кои се во насока на подобрување на предлог законот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

(ВИДЕО) Петровска: Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ

Горан Наумовски

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Петровска бара ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Катерина Ѓуровски

Договорот за набавка на хеликоптери од италијански „Леонардо“ ќе се почитува

Петровска: Целосно размонтирање на случајот за убиството пред „Мавровка“ – МВР криеше кои се убијците