Левица: Во државна институција во Тетово истакнато само албанско знаме – ДПМНЕ молчи пред коалициониот партнер

Од:

До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција (државен инспекторат) истакнато е само албанското знаме, БЕЗ државното знаме. Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно понижување на државните симболи, се вели во реакцијата на Левица.

„Односно, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, децидно предвидува дека при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, освен што ги подгрева меѓуетничките тензии, претставува грубо прекршување на Уставот и на горенаведените закони.

Опасен е молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами, со кој го сочинуваат мнозинството во Советот на општина Тетово. Јавно прашуваме дали ДПМНЕ го толерира анти-македонизмот на Касами заради секретарското место во општината и директорите на јавните претпријатија, кои ги добија ДПМНЕ заради поддршката на Касами?! Левица алармира дека целото делување на Касами претставува опасен удар кон унитарноста на Републиката, што се надоврзува на неговата изјава дека Македонија ќе стане трета албанска држава, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

Левица: Ѓорѓиевски и Цветковски преку фондација „Скопје – европска престолнина на културата“ го претвараат во приватен проект

Горан Наумовски

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Левица: Мицкоски ветуваше економска стабилност, а сега позајмува од М-НАВ и МЕПСО